Израел размислува да го врати карантинот во целата земја

 Владата на Израел сериозно размислува за повторно воведување на карантин во целата земја, а причината за тоа е фактот што властите неуспешно се борат со наглото зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Министерството за здравство вчера соопшти за 3.904 нови заразени, со што беше соборен дневниот рекорд на бројот на новозаразени. Вкупниот број на заразени достигна 142.582. Пријавени се и единаесет смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Израел се искачи на 1.054.

Завчера почнаа да се затвораат училишта и се воведе полициски час во 40 области со најголем број на новозаразени.

Но, здравствените власти сега препорачуваат едномесечен карантин на ниво на цела земја.

Израелските медиуми јавуваат дека карантинот може да почне уште денеска, еден ден пред еврејската Нова Година – Рош Хашана. Тоа би вклучувало затворање на училишта, ресторани, трговски центри, пазари и концертни сали и слични масовни настани.

Back to top button
Close