Израел стравува од истрага на Меѓународниот кривичен суд

– Во Израел расте загриженоста дека заминувањето на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе доведе до повторно отворање на истрагата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) против Тел Авив поради сомневања дека извршил злосторства против Палестинци, пренесуваат израелските медиуми.

Израелската државна телевизија Кан во неделата јави дека сега исчезнуваат стравувањата на МКС од санкции што ги наметна администрацијата на Трамп, а тоа може да ги поттикне судиите на овој суд да започнат истрага против Израел во врска со војната во Газа во 2014 година и населбите на Западниот брег.

Каналот Кан информира дека одлуката за отворање истрага е на масата на МКС од декември 2019 година и оти политички извори во Израел се плашат од донесување нова одлука за ова прашање, особено затоа што тоа можеби нема да доведе до конфликт меѓу судот и Вашингтон.

Таквата истрага би имала широки импликации за многу високи израелски политички и воени претставници во минатото и сегашноста, а против некои од нив може да се издадат меѓународни потерници, смета израелската телевизија.

Трамп во јуни минатата година воведе санкции против официјалните лица на МКС поради обид за истражување на можни воени злосторства на САД во Авганистан, како и истраги против сојузниците на Вашингтон, вклучувајќи го и Израел.

Во декември 2019 година, главната обвинителка на МКС Фату Бенсуда објави дека судот нашол доволно докази за отворање истрага за можни „воени злосторства“ извршени од Израел против Палестинците во окупираните палестински територии.

Во соопштение објавена на веб-страницата на МКС, Бенсуда рече дека се достапни сите правни стандарди утврдени со Римскиот статут (меѓународен договор за основање на Меѓународниот кривичен суд), што овозможува истрага за наводите за воени злосторства извршени на палестинските територии.

„Убедена сум дека воени злосторства навистина се извршени или сè уште се вршат на Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим и Појасот Газа, додаде Бенсуда.

Од тогаш се водат судски процедури за утврдување на обемот на неговата надлежност во Источен Ерусалим, Западниот брег и Појасот Газа.

Back to top button
Close