Израел: Воени медицински тимови во домашна посета на болни од Ковид-19

 Израелски воен медицински тим неделава испрати персонал да се грижи за болните од Ковид-19 во нивните домови во обид да се олесни ситуацијата за болниците.

Десетици тимови составени од лекари, медицински сестри и возачи секојдневно посетуваат 250 пациенти, соопшти денеска војската, како дел од операцијата Рака-во-рака, додавајќи дека бројот на тимови ќе се зголеми доколку е потребно.

Израелските власти неодамна регистрираа повеќе од 10.000 нови случаи дневно на заразени со Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Според извештајот на локалното Министерство за здравство, 658 лица се тешко болни.

Речиси 60 проценти од приближно 9,4 милиони Израелци во земјата се вакцинирани

Back to top button
Close