Израел врати серија ограничувања по повторното ширење на коронавирусот

Израел денеска повторно воведе редица ограничувања во борбата против ширењето на коронавирусот, вклучувајќи ги и затворањето на барови, ноќни клубови, спортски сали и сали за културни настани, јавија британските медиуми.

Во соопштените заклучоци од специјалната седница на владиниот кабинет за здравствената криза, премиерот Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел мора да го смени курсот за да избегне поширок карантин што може да ја парализира економијата, во која невработеноста достогна над 20 отсто.

-Пандемијата се шири, тоа е јасно како ден. Секојдневно се зголемува и се одолговлекува со неа, наспроти она што ни беше кажано, рече Нетанјаху.

Во соопштението на владата се вели дека покрај непосредното затворање на баровите, ноќните клубови, спортски сали, салите за настани и културни настани, бројот на лица во рестораните ќе биде ограничен на 20 за затворените простории и 30 на отворено.

Присуството во синагогите е ограничено на 19 верници, а во автобусите ќе биде дозволено превезување на  само 20 патници, се наведува во соопштението.

Откако во мај во голема мера го спречи ширењето на коронавирусот и повторно ги отвори училиштата, плажите и бизнисот, Израел во послендите неколку недели е погоден од драстично зголемување на инфекциите.

Во земјата се вообичаени сцените каде Израелци ги игнорираат ограничувањата на социјалното дистанцирање и наредбите за носење маски.

Во Израел досега се заразени со коронавирус повеќе од 30. 000 лица, а 332 умреле.

Back to top button
Close