Израел започна офанзива во Газа, жителите масовно бегаат од градот

Палестинците од делови на градот Газа масовно го напуштаат градот откако израелската армија го започна првиот дел од планираната копнена офанзива, соопштија локалните власти. Израелските сили воспоставија позиции на периферијата на градот, кој е дом на повеќе од еден милион Палестинци, по откако деновиве во градот претходеа жестоки артилериски напади.

Фото: EPA/ATEF SAFADI

Во деловите Зеитун и Сабра жителите веќе се повлекуваат кон северозападниот дел на градот. Портпарол на израелската војска изјави дека трупите веќе делуваат во Зеитун и Џабалија, подготвувајќи ја теренската офанзива што ја одобри министерот за одбрана Израел Кац наречена „Кочиите на Гидеон II“.

Планот дополнително ќе се разгледува и од безбедносниот кабинет во наредните денови. Очекувањата се стотици илјади жители на градот Газа да добијат наредба да се евакуираат во јужниот дел од Појасот Газа во текот на следните денови.

Околу 60 000 резервисти ќе бидат повикани во служба на почетокот на септември, за да се ослободат активните војници за операцијата, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ги „скратува роковите“ за заземање на она што го нарече последни терористички упоришта на Хамас во Газа. Хамас, пак, го обвини израелскиот лидер дека продолжува со брутална војна против цивилното население и дека го игнорира новиот предлог за примирје од регионални посредници, на кој Израел сè уште нема официјален одговор.

Остри реакции за израелските планови пристигнаа од меѓународната заедница – францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека планот може да доведе до катастрофа за двата народа и да ја вовлече целата област во постојана војна, додека пак генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на огнот за да се избегнат смрт и разурнување што, според него, офанзивата неизбежно ќе ги предизвика.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац вчера даде зелено светло на планот наречен „Кочиите на Гидеон II“ што се смета за продолжение на планот одобрен во мај годинава со кој се предвидува Палестинците да бидам преместени во јужната зона на Појасот Газа.

Планот му беше презентиран од началникот на Генералштабот Ејал Замир и високото воено раководство, а на состанокот присуство земале и заменик-началникот на Генералштабот Тамир Јадај, раководителите на военото разузнавање, воените операции, координацијата на владини активности во териториите, како и претставници на службата за безбедност Шин Бет

Back to top button
Close