Израелската армија ќе испрати покани за регрутација до 54.000 ултраортодоксни еврејски студенти
Израелската армија најави дека ќе испрати 54.000 покани за регрутација откако Врховниот суд пресуди дека воениот рок е задолжителен за сите, вклучително и ортодоксните Евреи.
Израелскиот Врховен суд минатата година го поништи децениското ослободување од армијата за ултраортодоксните студенти, политика воведена кога ултраортодоксната заедница беше многу помал дел од населението отколку што е денес – 13 проценти.
Воената служба е задолжителна за повеќето израелски Евреи од 18-годишна возраст и трае од 24 до 32 месеци. Мнозинството од арапската заедница во Израел, која сочинува 21 процент од населението, е ослободена од воена служба, иако некои служат.
Ултраортодоксните лидери изразија загриженост дека вклучувањето на ултраортодоксните студенти во воени единици заедно со секуларни Израелци, како и жени, би можело да го загрози нивниот религиозен идентитет.
Армијата најави дека ќе се обезбедат услови што се компатибилни со ултраортодоксниот начин на живот и дека ќе се развијат дополнителни програми за поддршка на нивна интеграција