Израелската армија најави „проширување“ на копнените операции во Појасот Газа

Израелските копнени сили вечерва ќе ги „прошират“ своите операции во Појасот Газа, изјави портпаролот на армијата Даниел Хагари.

Хагари на социјалните мрежи наведе дека израелските воздушни напади во Газа од неодамна се „зголемени“ и дека копнените сили ќе ја „прошират својата активност“ во наредните часови.

Политичките и воените лидери постојано нагласуваа дека се подготвуваат за проширување на копнена инвазија врз Хамас, кој владее со Газа.

Израелските армија во текот на неделата изврши ограничени напади во Појасот Газа

Back to top button
Close