Израелската армија објави снимка на која се гледа како Хамас носи двајца заложници во Ал-Шифа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија вчера снимка од надзорната камера од најголемата болница во Газа, Ал-Шифа, на која се гледа како терористите на Хамас носат непалец и тајландски државјанин киднапирани на 7 октомври во Израел.

Едниот од заложниците бил видно ранет во раката и бил ставен на болнички кревет, додека другиот бил насилно одвлечен во болницата, објави „Тајмс оф Израел“.

„Овие видеа докажуваат дека терористичката организација Хамас ја користела болницата Шифа на денот на самиот масакр како терористичка инфраструктура“, соопшти ИДФ.

Back to top button
Close