Израелската армија пресретна две ракети истрелани од Појасот Газа

Израелската армија соопшти дела пресретнала две ракети истрелани од северниот дел на Појасот Газа.

Непосредно пред нападот се огласиле сирените за тревога во Ашкелон, град во близина на границата со Појасот Газа.

Тоа е втор напад откако Израел го прекина примирјето и на 17 март ја бомбардираше палестинската енклава, при што загинаа стотици луѓе.

Back to top button
Close