Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од Јемен
Израелската армија утринава соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од јеменска територија.
Сирените за воздушен напад се огласија во неколку региони на Израел.
-Откако пред еден момент одекнаа сирените во неколку региони на Израел, ракета лансирана од јеменска територија беше пресретната пред да навлезе на израелска територија, објавија израелските вооружени сили на апликацијата за комуникација Телеграм.