Израелската влада едногласно го одобри признавањето на „ерменскиот геноцид“


Израелската влада денеска едногласно го одобри признавањето на ерменскиот геноцид соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Турција категорично отфрла да се дефинира како геноцид масовното убиство на Ерменци од Отоманските Турци во Првата светска војна.

„Историска одлука: Израелската влада едногласно го одобри предлогот на министерот за надворешни работи Гидеон Саар за признавање на ерменскиот геноцид“, се наведува во соопштението.

Одлуката, која доаѓа во период на сериозно влошени односи меѓу Израел и Турција, сè уште треба да биде потврдена и од израелскиот парламент.

Back to top button
Close