Израелски бизнисмени ќе произведуваат индустриски и фармацевтски канабис во Солун

Прелиминарн истрага на грчкото Обвинителство за ширењето на коронавирусот во дом за стари лица во Солун - МИА

– Израелски приватни инвеститори, преку инвестиција вредна шест милиони евра, во Солун ќе произведуваат индустриски и медицински канабис што ќе се извезува во Европа и Израел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Првата фаза од инвестицијата е во висина од еден милион евра и е веќе започната, а вклучува одгледување на индустриски канабис на површина од 40.000 метри квадратни, а останатите пет милиони евра се предвидени во втората фаза што ќе започне следната година и предвидува создавање на медицинска – фармацевтска единица за преработка на канабис.

-Целиот проект се заснова на помош на експерти. Во Израел постои широко техничко знаење во одгледувањето канабис и во нашиот тим имаме водечки експерти, што ни дава конкурентска предност, вели за АНА-МПА Амит Фахима, кој е шеф на научната група што учествува во проектот.

Back to top button
Close