Израелски министер: Планот за иселување на Палестинците од Газа „сè уште на маса“

Израелскиот министер за енергетика Ели Коен синоќа изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за дислокација на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“.

 EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Говорејќи за израелскиот јавен радиодифузер КАН, Коен рече дека таканаречениот план за „доброволна миграција“ предложен од Трамп се следи и понатаму.

Од февруари, Трамп повеќепати повикува на „преземање“ на Газа и преселување на нејзиното население со цел да се развие како туристичка дестинација. Планот беше отфрлен од арапскиот свет и многу други земји, кои го сметаат за етничко чистење.

– Напорите за имплементација на планот продолжуваат на терен, рече Коен, без да даде повеќе детали.

Министерот изјави дека се водат „напредни разговори“ со две земји околу ова прашање, без да ги именува. Тој, сепак, рече дека едната од нив е „исламска“.

– Не гледам сериозен процес на реконструкција на Појасот Газа во следните години, додаде Коен. „Промовирањето на опцијата за доброволна миграција стана реална потреба наметната од моменталната состојба во Газа“

Back to top button
Close