Израелски министри бараат Нетанјаху веднаш да го анектира Западен Брег

Четиринаесет министри од партијата Ликуд на Бенјамин Нетанјаху вечерва побараа од израелскиот претседател веднаш да го анектира окупираниот Западен Брег.

Ултрадесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич го објави а Икс писмото што министрите му го испратија до Нетанјаху, во кое се бара од Владата да „спроведе суверенитет над Јудеја и Самарија (Западен Брег) пред крајот на летната сесија на Кнесетот“, која завршува на 27 јули.

Според потписниците на писмото, актуелната стратешка соработка и поддршка од САД и претседателот Трамп создаваат поволен момент за започнување на анексијата.

Помеѓу потписниците се министрите за одбрана, економија, земјоделство, енергетика, комуникации, транспорт, правда, туризам, иновации, култура, дијаспора, образование, социјална еднаквост, регионална соработка, како и претседателот на Кнесетот, Амир Охана.

Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим би требало да бидат дел од евентуалната палестинска држава во случај на спроведување на решението за две држави предложено од ОН, но сите три области сега се под израелска окупација.

Меѓународниот суд на правдата во јули минатата година ја прогласи израелската окупација на палестинските територии за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Back to top button
Close