Израелските безбедносни сили убија сомнителен Палестинец

Израелските безбедносни сили денеска убија Палестинец кој се обиде да пробие контролен пункт на приод кон Ерусалим.

Палестинецот предизвикал сомнеж кај израелската контрола затоа што имал лажни лични документи.

Застреланиот Палестинец со сериозна повреда бил пренесен во блиската болница каде што починал, а еден израелски полицаец е полесно повреден, изјави претставник на болницата.

Меѓу 2015 и 2016 година, Палестинците извршија серија напади со автомобили во Ерусалим и на Западниот брег, но ваквите напади веќе не се толку чести.

Back to top button
Close