Израсна без татко, а мајка му почина: Тешката животна приказна на Панчо од ДНК

Панчо од ДНК, кој денеска го напушти овој свет немал лесно детство и целиот живот му бил борба. Панчо имаше зборувано дека растел без татко, а го израснала неговата покојна мајка Каќуша.

 

 

„Таа се снаоѓаше да ме изгледа како што знаеше и умееше. Позајмуваше пари од лихвaри, многу работеше, само да ме изведе на вистински пат“, има изјавено Панчо во една прилика.

Во емисијата „Еден на Еден“, тој рече дека бил многу палаво дете, и дека бегал од часови, а неговата сестра Јадранка го прекорувала поради тоа, и еднаш ѝ избегал низ прозор од нивниот дом за да не го кара.

-Можеби само би сакал да бидам помирен за сега веќе мојата покојна мајка да беше поспокојна. Mајка ми иако беше жена-ѕвер, беше само самохрана мајка на едно палаво дете кое беше отсекогаш бунтовник без причина каков што сум и денес.

Сериозно не би менувал ништо, го сакам старото маало и сите луѓе од таму со кои сè уште контактирам ми го заменуваа мојот татко кој никогаш го немав, но затоа имав многу татковци кои ми даваа насоки на оваков или онаков начин“, посочи Панчо.

Мајката на Панчо почина во ноември пред 11 години по долгата борба со ракот. Синот и ќерката ѝ беа најголема поддршка во тие мигови.

Back to top button
Close