Изречени 153 мерки за сообраќајни прекршоци во Скопје


Министерството за внатрешни работи при вчерашните контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за непрописно престројување на возила.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close