Изречени 188 санкции за брзо возење на територија на цела држава

На територија на државата во текот на вчерашниот ден се санкционирани 188 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

– Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината на населено место, а 97 надвор од населено место, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, МВР апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај

Back to top button
Close