Изречени 202 сообраќајни прекршоци во Скопје, 90 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашните засилени акциски контроли, на територија на град Скопје изрече вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, а 42 мерки за возење под дејство на алкохол.

Според МВР, изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за возач почетник.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.

Back to top button
Close