Изречени 215 казни за возење под дејство на алкохол на територијата на цела држава

   Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашните засилени акциски контроли, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија, изрече 215 казни за возачи кои управувувале возила под дејство на алкохол.

Од нив, како што информираат од МВР,  65 се на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, апелира МВР

Back to top button
Close