Изречени 237 санкции за брзо возење

При засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 237 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од санкционираните, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 123 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Back to top button
Close