Изречени 51 санкција за пребрзо возење на територијата на СВР Штип

Полицијата денеска изрече 51 санкција за пребрзо возење на територијата на СВР Штип. Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола се спроведе 09 до 15 часот.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close