Изречени 540 санкции за неносење маска

Во последното деноноќие Министерството за внатрешни работи изрече 540 санкции за неносење маска.

– Во текот на изминатото деноноќие (04/05.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 540 прекршоци, соопштуваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Back to top button
Close