Изречени 65 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Од СВР Битола информираат дека ноќеска, во периодот од 22:00 до 05:00 часот утрово, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

На територијата на СВР Битола санкционирани се 65 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР-Битола апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. 

Back to top button
Close