Изречени 863 санкции за брзо возење на територија на државата

 

 При засилена акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територија на државата денеска санкционирани се 863 возачи за брзо возење.

Како што соопшти денеска МВР, од вкупниот број изречени санкции, 75 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 450 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 413 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Back to top button
Close