Изречени безбедносни мерки: Душко Тошиќ не може да се врати во станот, ниту да и пријде на Карлеуша

Јелена Карлеуша рано утринава го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство.

Од Првото основно јавно обвинителство во Белград, наведуваат дека на Душко Тошиќ ќе му било наредено привремено да биде отстранет од станот и изречена е привремена забрана за контакт и пристап.

Соопштението од обвинителството ви го пренесуваме во целост:

„Во врска со вечерашниот настан, по повод кој Ј.К повикала полиција, информиран е дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство Белград, кој наредил од двајцата учесници во настанот Д.Т. И Ј.К. да се земат изјави, како и да ги соберат сите потребни податоци.

Од извештајот за настанот произлегува дека ниту еден од учесниците не се здобил со физички повреди

Полицијата изрече мерка привремено отстранување на Д.Т. од станот и мерка привремена забрана за контакт и приближување. Исто така, земена е изјава од лице кое било присутно и кое исто така не сака кривично да ги гони Д.Т и Ј.К.

Детален извештај со прилози на редовен начин ќе биде доставен до обвинителството кое ќе изврши и последователни проверки и ќе побара пријава од центарот за социјална работа.

Во однос на итните мерки, обвинителството ќе разгледа дали има основа да му предложи на судијата продолжување на претходната постапка“, се вели во соопштението на обвинителството, пренесува Блиц.

Во екот на скандалот се огласи и Карлеуша која истакна дека не сака да дава дополнителни информации за овој случај. „За да се смират медиумските натписи и непотребното прашина поврзана со мојата брачна ситуација, ќе ги замолам сите да имаат разбирање за приватноста на семејството и тешкиот период во кој се наоѓаме.

Нема да давам изјави на оваа тема и жал ми е што јавноста против моја волја беше информирана за овие работи. Одиме понатаму, ќе биде подобро. Мора. Ви благодарам на сите“, напиша Јелена.

Back to top button
Close