Извадена е таблата со натпис „Цар Борис Трети“ во Охрид, во Битола „Ванчо Михајлов“ исчкртан со спреј

Таблата со натпис „Цар Борис Трети“ е тргната е од просториите каде беше сместено истоименото здружение во Охрид, пренесе „Макфакс“.

Здружението денеска беше избришано од Централниот регистар, откако комисија во Министерството за правда утврди дека името не е во согласност со новоизменетиот Закон за здруженија и фондации.

Во Битола, пак, иселеникот во Австралија, Стефан Георгиевски, натписот „Ванчо Михајлов“ го испрска со црн спреј. И здружението кое го носеше името на фашистичкиот соработник претходно беше избришано од Централниот регистар.

Георгиевски не се криел и тоа го направил во период кога на битолски Широк Сокак имало многу луѓе, пренесува „Макфакс“.

Back to top button
Close