Извадени и осквернавени посмртни останки во манастирот во Матејче

На  07.03.2025 година во ПО Матејче стасало пријава за влегување во манастирот и копање на подот во „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково. Манастирот е под заштита на државата како културно добро, а уште не се знаат идентитетите за вандалите.

Покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква. Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот

Back to top button
Close