Извадок од „Преминот во времето“ на Миѓен Келменди

Некаде од таму, кајшто линијата на градот се прелеваше во сликата со Проклетије во позадината, се појави Рам Ујкани. Го држеше коњот за уздата и се движеше со долгиот и лесен чекор на горјаните. На коњот беше качена една млада жена; со неколку прамени црна коса истргнати од шамијата што и беше паднала врз лицето со спуштен поглед, беше како замрзната.

Во рацете држеше дете. Таква, исплашена и убава како некоја ретка дива птица, качена на коњот, со дете на градите, се чинеше како некоја безвременска фигурина што ти го разгорува сеќавањето и претставата за себе и за предците. Уште кај Песочниот мост луѓето застануваа и стоеја простум пред оваа пријатна глетка. Се слушаше само топотот на коњот, што застана пред една бакалница на крајот од Долгата чаршија.

(извадок од Преминот во времето во авторство на Миѓен Келменди кој ќе биде објавен годинава од издавачката куќа Темплум со поддршка од Министерство за култура)

Back to top button
Close