Извештај: Пандемијата го зголеми бројот на самоубиства во Јапонија

Бројот на самоубиства во Јапонија во 2020 година е зголемен за првпат по 11 години и тоа е директна последица на проблемите предизвикани од пандемијата, се вели во владиниот извештај.

Минатата година се самоубиле повеќе од 21.000 луѓе, 912 повеќе од претходната година. Ова зголемување целосно се должи на зголемениот број на самоубиства кај жени кои биле вработени, се вели во извештајот. Повеќето од нив биле вработени  хонорарно или привремено – група што е најмногу погодена од технолошки вишок и намалување на платите поради различни карантински ограничувања.

Во 2019 година, Јапонија имаше најмалку самоубиства од 1978 година, кога почна да се води таква статистика. Нивниот број се намалува веќе десет години по ред, но појавата на пандемијата на коронавирус го прекина овој позитивен тренд.

Back to top button
Close