Извлечена жрепката за Лигата на шампиони
Во „Грималди Форум“ во Монако вечерва се одржа жрепката за новата сезона во Лигата на шампиони, која ќе биде 71 издание на елитното натпреварување на Стариот континент, а второ во лигашки формат.
Во новата сезона на Лигата на шампиони ќе настапат четири дебитанти, Унион Сен-Жил, Пафос, Бодо/Глимт и Каират.
Клубовите беа поделени во четири шешири врз основа на нивните индивидуални коефициенти. Освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, беше прв носител во група 1.
Како и во претходната сезона, автоматизираниот софтвер извлече осум противници за секој клуб.
Бранителот на титулата ПСЖ ќе игра дома против Баерн, Аталанта, Тотенхем и Њукасл Јунајтед, додека ќе гостува против Барселона, Баер, Спортинг и Атлетик Билбао. Најуспешниот европски клуб, Реал, ќе биде домаќин на Манчестер Сити, Јувентус, Марсеј и Монако, а на гости против Ливерпул, Бенфика, Олимпијакос и Каират.
Лигашкиот дел во Лигата на шампиони почнува на 16 септември, финале е закажано за 30 мај во Будимпешта на Пушкаш Арена.