Извлечени 60 преживеани од урнатата зграда во индискиот град Махад (видео)
Спасувачите извлекоа приближно 60 преживеани и телото на една жртва од урнатата зграда во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар Мумбаи, изјави денеска локален претставник.
Работниците се уште трагаат по повеќе од 20 лица, за кои има стравување дека се заробени под урнатините на петкатната зграда што се урна синоќа, изјави висок функционер, пренесуваат американските медиуми.
-Десетици спасувачи од Националните сили за помош при катастрофи ноќеска вадеа делови од урнатините за да можат да ги извлечат затрупаните станари, а тешко повредените да ги хоспитализираат, изјави тој.
Во зградата имало повеќе од 40 станови и надлежните допрва треба да ја утврдат причината за уривањето.
LATEST — At least 90 people feared trapped in a collapsed apartment building south of Mumbai, Indiahttps://t.co/xLYWQ7pOtq pic.twitter.com/YXQ3o0QH3U
— DAILY SABAH (@DailySabah) August 24, 2020
Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах изјави дека уривањето на зградата е трагично и оти „се моли за безбедноста на сите“.
Уривањата на згради во Индија се вообичаена појава за време на сезоната на монсуни од јуни до септември, кога водите од обилните дождови ги поткопуваат темелите на сиромашно изградените згради со слаб квалитет. сд/