Извлечено тело на давеник од реката Вaрдар, медицинските лица можеле само да констатираат смрт

Извлечено тело на давеник од реката Вардар. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, човечки труп пловел по реката во близина на наслебата Долно Лисиче.

Телото е извлечено од водите на реката Вардар, иако била повикана медицинска помош, лекар од Итната служба само можел да констатира смрт.

– На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција – соопштуваат од МВР.

Back to top button
Close