Извлечено возилото од езерцето во Градски, возел 25-годишник

Автомобил „пежо“ со скопски регистрации рано утринава пропаднал во канал во Градскиот парк во Скопје.

Зад воланот седело 25 годишно момче, а според кажувањето на неговиот татко кој го набљудуваше извелкувањето на возилото, инцидентот се случил после 3 часот утринава, пренесува Сител.

Тој не откри дали неговиот син имал повреди, ниту дали во автомобилот имало и други патници. На местото беа видливи траги од кочење, а извлекувањето на возилото го следеше и полицијата, се вели во веста која ја пренесе Сител.

Back to top button
Close