Изводи од матична книга најмногу се вадат преку порталот uslugi.gov


Електронските изводи од матичните книги на родените е една од најкористените услуги во моментот на порталот uslugi.gov.mk, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Тој потсети дека аплицирањето за електронски изводи од матичните книги на родените, венчаните, умрените и потврдата за слободна брачна состојба се достапни на електронскиот портал uslugi.gov.mk, што значи дека и аплицирањето на порталот и добивањето на услугата се целосно електронск

Во однос на обврската да се испечати, Андоновски вели дека, за жал, повеќето од законите бараат извод од матична книга што институциите сметаат дека треба да биде печатен документ.

-Токму во оваа насока се измените, кои се прават на секој од поединечните закони, каде што се вели дека, освен електронски извод, може да ја добиете таа потврда и по службена должност, нешто што, на пример, Министерството за внатрешни работи го користи за издавање лиценци или дозволи за оружје.

Тие по автоматизам или по службена должност сами ги прибират податоците за државјанство, за извод од Матичната книга на родените и потврда за неосудуваност од страна на судовите. Се надевам во оваа насока ќе се придвижат и другите институции. Мое е да кажам дека можноста постои, а задачата на секоја од институција е тоа да го реализира – изјави тој.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close