Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата


Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата, соопшти партијата по денешната седница на ИО на СДСМ во Штип.

„Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година.

По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.

Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Back to top button
Close