„Јас го носев, беше тешко болен“: Најблискиот пријател на Владо Јаневски откри од што починал пејачот
Влатко Плевнеш од „Силви бенд“, долгогодишен пријател и соработник на Владо Јаневски, откри дека познатиот македонски пејач боледувал од карцином. Плевнеш за ова зборуваше во поткастот „Ајкон шоу“ кај Давид Давидовски, каде заедно со Силвана Мучиќ-Плевнеш се присетиле на дружењето и соработката со Јаневски.

„Не само што соработувавме, јас и тој бевме повеќе од браќа. Бевме многу блиски“, раскажал Плевнеш, кој повеќе од три децении бил шеф на бендот на Јаневски и настапувал со него во земјава и во странство.
Тој открил дека со пејачот настапувале во Струга само два месеца пред неговата смрт, кога сè изгледало вообичаено, но неколку дена подоцна бил откажан следниот настап.
Извор: News 24 Live






