Кљинакуги повика сите ветерани на ОВК да внимаваат доколку патуваат низ Србија, Македонија и Црна Гора
Претседателот на Организацијата на ветераните на ОВК, Фатон Кљинаку, ги повика сите бранители да внимаваат доколку се одлучат да патуваат низ Србија, со оглед на тоа што, како што тврди, Белград го ажурирал списокот за апсење и додале уште луѓе на списокот на Интерпол. Тој во изјава за приштински медиуми наведува дека неговата порака се однесува и за патувања во Севрна Македонија и во Црна Гора.
Кљинак порача дека ветераните треба да го избегнуваат не само патот низ Србија, туку и земјите со кои Србија соработува.
„Мојот постојан апел до ветераните е да не одат преку Србија, да не одат во словенски земји или земји кои Србија ја сметаат за пријател. Што се однесува до Албанија, тие не треба да се плашат, бидејќи се знае дека Албанија никого не екстрадира. Мојот апел се однесува на тоа дека воените ветерани немаат што да бараат во Србија, бидејќи постојано ги следат, но опасност постои и во Северна Македонија, Црна Гора, односно во пријателските земји на Србија“.