Кај Липково откриени 52 илегални мигранти, кај некои се најдени недозволени супстанци и ладно оружје

Се работи за лица од африканските и азиските земји кои се однесени во Транзитниот центар Табановце

Во атарот на село Лојане, општина Липково, кај местото викано „Шорта“, изутрината околу 6:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени 52 илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце.

Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје, а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата. Тие се предадени во СВР Куманово.

Ова е најголема група мигрнти откриена на едно место во последниве неколку месеци. Инаку, МВР во дневните билтени секојдневно информира за случаи на криумчарење мигранти, а последниве денови главно се работи за Кубанци кои нелегално влеге во земјава. Последниот слуучај беше вчера.

Back to top button
Close