Кајмаковски од болница: Да оставиме надлежните органи да си ја вршат работата

Откако пред четири дена заврши во болница, пејачот Даниел Кајмакоски вчера се огласи. Тој се заблагодари на целата поддршка и порача да се остават надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот.

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, порача Кајмакоски на својот фејсбук-профил.

Инаку, веста дека пејачот Даниел Кајмаковски е стружанецот кој против поранешната сопруга поднел пријава за наводно подметнување на некакво средство во кафето кое двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница, деновиве осамна во медиумите.

Според пишувањата, настанот го потврдила и полицијата која добила известување од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дека кај нив е примен 38-годишен стружанец. Тој тврдел дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства?!

Таа ги негирала тврдењата на пријавителот. Според неа тие имале средба со Кајмаковски за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмаковски му се слошило, а таа за настанот веднаш го известила и Центарот за социјални работи.

Back to top button
Close