Видео: Двете девојки кои паднале во бездна спуштајќи се по карпи кај Трескавец се спасени

Две девојки попладнево паднале во бездна кај манастирот Трескавец , обидувајќи се да се спуштат по стрмните и непристапни карпи, соопшти Центарот за управување со кризи.

Девојките се јавиле и побарале помош преку телефонската линија 112, по што на местото веднаш се упатиле спасувачи.

„За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (четворица пожарникари со едно теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола)“, информираат од ЦУК.

Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и тие се во добра здраствена состојба, информираат од ЦУК.

Back to top button
Close