Кајтсуфрањето стана летен хит во Преспа

На плажите во Преспа летово нова актракција станува кајтсурфингот, спорт за чие име професионалците велат дека нема буквален превод на македонски, но може да се објасни како сурфање со даска на вода при што води летечки змеј (мал параглајдер) на ветер. Откако поради коронакризата отежнати се патувањата во странство, кајтсурфингот почна да се развива и на македонско тло. Посебно поволни за овој адреналински спорт на вода се покажаа туристичките наслеби Стење и Сливница на Преспанското Езеро.

Деновиве земјови во најразлични бои го разубавија небото над Стење и Сливница, а туристите на плажата уживаа обидувајќи се да сурфаат водени од леталата.

Атракцијата ја приредија кајтерите, кои воедно се и параглајдеристи од познатиот македонски клуб „Вертиго“. Нивните моќни летала ги оптегнаа крилата на ветерот под Галичица и Баба, а инструкторите им ги покажаа динамичните движења на заинтересираните да запловат во овој спорт.

Повеќе на СДК на следниот линк.

Back to top button
Close