Кабинет на Макрон: Од Европа не може да се бара да ги зголеми трошоците за одбрана додека САД водат трговска војна

Во пресрет на самитот на НАТО следната недела во Холандија, кабинетот на претседателот на Франција објави дека од Европејците не може да се бара драстично да ги зголемат трошоците за одбрана, додека САД водат „трговска војна“.

Неименуван советник на претседателот Емануел Макрон им изјави на новинарите дека не треба да се заборави дека луѓето чии дневни потреби се поскапи поради трговската војна се даночните обврзници од кои ќе треба да се побара да вложат напори за вооружување.
Лидерите на НАТО се состануваат во Хаг во вторник и среда и се очекува да разговараат за зголемување на нивните трошоци за одбрана и безбедност на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП): 3,5 проценти за воени трошоци и 1,5 проценти за безбедносни трошоци во најширока смисла.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, прво предложи да се одложи до 2032 година. Неколку земји, исто така, сметаат дека тој рок е нереален, „за да во рамките на Алијансата се дискутира за оваа цел до 2035 година“ и дека „со клаузула за среднорочен преглед во 2029 година“, објави кабинетот на претседателот на Франција и додаде дека ќе има предлог на маса тоа да биде 2035 година.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска процени дека издвојувањето пет проценти од БДП за одбрана е „неразумно“.

Досега, барањето за трошоци за одбрана на членките на НАТО беше два проценти од БДП, а на некои земји им беа потребни години за да го достигнат тоа.

„Тоа зголемување мора да се случи не затоа што некој нас не бара, туку затоа што си го должиме тоа самите на себе. Во областа на безбедноста, Европејците долго време се „слепи патници“ со САД, рече советникот на Макрон.

Back to top button
Close