Кабинетот на Мицотакис: Направен првиот чекор за реализација на грчкиот предлог за европски сертификат за вакцинација

Земјите- членки на ЕУ, со поддршка на Европската Комисија, се согласија за насоките за издавање на стандардизирани заеднички европски сертификати за медицински цели, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во однос на предлогот на Грција доставен до ЕУ за сертификатот за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денеска беше направен првиот чекор во реализацијата на предлогот на Киријакос Мицотакис за европски сертификат за вакцинација. Земјите- членки, со поддршка на Комисијата, се согласија за насоките за издавање на стандардизирани заеднички европски сертификати за медицински цели. Станува збор за важен почеток. Следниот чекор треба да биде проширување на употребата за да им се олеснат патувањата на европските граѓани, кога значителен дел ќе биде вакциниран, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис и додаваат дека предлогот се спроведува чекор по чекор.

Back to top button
Close