Кабул ги повлече амбасадорот и дипломатите од Пакистан

Авганистан ги повлече амбасадорот и дипломатите од главниот град на Пакистан по киднапирањето на ќерката на амбасадорот, соопшти денеска авганистанското Министерство за надворешни работи
Авганистанската влада ги повика амбасадорот и високи дипломати во Кабул целосно да ги отстранат безбедносните закани, вклучително и апсење и казнување на сторителите, се вели во соопштението на Министерството.
Портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи не даде коментар за повлекувањето на амбасадорот и дипломатите од Исламабад.
Ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан беше кратко време киднапирана од непознати напаѓачи кои ја оставија со повреди, а пакистанските власти објавија дека го испитуваат случајот.






