Кац: Ако Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето, Појасот Газа ќе биде уништен

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека ако Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето, Појасот Газа ќе биде уништен.

„Бараме од Хамас само две работи, а тие нема да ги сторат доброволно: да ги ослободат сите заложници и да се разоружаат. Големата сила на овој напад е директниот пораз на Хамас, а ова исто така создава поголем притисок за ослободување на заложниците“, рече Кац за време на посетата на седиштето на 162-та дивизија, чии сили моментално дејствуваат во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Кац нагласи дека Израел сака да ја преземе контролата врз Газа затоа што денес е главен симбол на владеењето на Хамас

Back to top button
Close