Кац: Израел ќе ги продолжи нападите врз Иран уште посилно доколку е потребно

– Израел, доколку биде потребно, ќе ги продолжи нападите врз Иран „уште посилно“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

Кац ја упати заканата говорејќи на церемонијата за завршување на курсот за пилоти на израелските воздухопловни сили, пренесува „Тајмс оф Израел“.

– Церемонијата за завршување на курсот е директна порака до диктаторот Хаменеи и дружината на ајатоласи во Иран: долгата рака на Израел ќе ве дофати во Техеран, Табриз, Исфахан и секаде од каде што ќе се обидете да го загрозите Израел со закани, истакна Кац.

Back to top button
Close