Кадилак го претстави својот прв болид во Формула 1 за време на Супербоулот

 Новиот тим во Формула 1, Кадилак, го претстави својот автомобил за време на Супербоулот помеѓу Њу Ингланд и Сиетл.

Презентацијата на автомобилот се одржа ноќта помеѓу 8 и 9 февруари на Тајмс Сквер во Њујорк. Автомобилот на Кадилак има пригушена сребрена и црна шема на бои.

Кадилак ќе дебитира во Формула 1 во сезоната 2026. Возачите на американскиот тим ќе бидат Финецот Валтери Ботас и Мексиканецот Серхио Перез, кои потпишаа повеќегодишни договори. Ферари е снабдувач на мотори на Кадилак.

Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија од 6 до 8 март. Шампионатот повторно ќе се состои од 24 Гран при трки.

Back to top button
Close