Кадиров го повика Помпео во родното село да разговараат за кршење човекови права

 Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, реагирајќи на новите санкции што му ги наметна американскиот Стејт департмент за наводни кршења на човековите права во земјата, го покани американскиот државен секретар Мајк Помпео во неговото родно село да разговараат за тоа кој всушност ги крши човековите права.

Како што знаете, јас сум на друг список на луѓе под санкции. Очигледно, Американците имаат многу од нив. Толку се исплашив што се вратив во моето родно село Беној. Помпео, дојди овде, многу е убаво. Да видиме кој какви права крши, изјави Кадиров за јавниот медиумски сервис во Чеченија.

Како што пренесува агенцијата ТАСС; одлуката за воведување нови визни санкции против Кадиров вчера ја објави Стејт департментот, во согласност со закон кој им овозможува да забранат влез во САД на странски државјани кои се сметаат за одговорни од американските власти за кршење на човековите права.

Покрај Кадиров, со санкциите се опфатени и неговата сопруга и двете ќерки.

Back to top button
Close