Кадриу ќе ги чека тужбите, бидејќи нема да им се извини на Бубевски и Јосифоска: Ако вистината е навреда тоа е нивен проблем

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу дека влијаел на судски одлуки, денеска со соопштение се огласи и обвинителката Елизабета Јосифоска. Таа наведува дека на нејзина сметка Кадриу изнела низа невистини, лаги и клевети во однос на нејзиното постапување како јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство и за работењето на целото Специјално јавно обвинителство. Јосифовска и Бубевски побараа Кадриу јавно да се извини, а во спротивно се заканија со тужба.
Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи истакна дека не гледа основ за извинување.
„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, вели Кадриу.
—





